Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа

На 01.11.2025 во 17:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Р1402, на делницата од с.Габрово до с.Банско, К.Д.(63) од с.Градско Балдовци, струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на мопедот.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од СВР Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде