Фејсбук реакцијата на Јорданка Ивановска – Јоци ја пренесуваме во целост:
Насилникот Миа Костова, која живее под кирија (куќа до мојата) и имаат навика по цели денови да се пијанчат со девојка и` во двор, со дерење и гласни музики, и тоа од пладне до 22-23 вечерта, утре ќе биде пријавена за закани кон мене во МВР.
Тоа е мојот одговор до неа.
А, закани се кривично дело. Секако, она е скроз неписмена и шуплива, и затоа не знае што е што.
Јавноста не ја знае вистинската Миа Костова, која во реалниот живот е агресивна, конфликтна, психички лабилна и опасна за околина.
И тоа го видоа сите соседи наоколу мене, не само јас.
Нејзините небулози за дијагнози и останати глупости кон мене, како штит пошто ќе биде пријавена, може да си ги пикне во задник, пошто цел град ме знае која сум и што сум. Не сум јас ,,Миа од Ѓорче” која се претставува ,,Миа од Центар” со лажен живот на Инстаграм.
Ова го пишувам за јавноста.
Костова очигледно често не е при себе од алкохол, супстанци и си конструира филмови за луѓе кои бараат мир во сопствен дом, а не терор кој они двете го донесоа во маало каде со децении живеат културни и воспитани луѓе.
Впрочем нивното често селење говори за нивните проблеми кои ги носат секаде со нив.
Патем, јас со Миа Костова немам никаков контакт, не се познаваме лично, токму ради она најважното – таа не е сопственик на куќата каде таа лумпува, тероризира и малтретира луѓе, а тоа се – работен народ, деца, постари и што не.
Мојата расправија околу теророт на овие две неурамнотежени насилнички е со сопственикот, со кој сме соседи 40 години. Не со неа, а на неа очито и` се измешале жиците.
Има материјални докази за заканите нејзини и од утре полиција ќе се бави со неа. Нека се објаснува таму во кој момент имала таа вербален или физички контакт за да ми упати закани.
Очигледно е дека и` треба помош и тоа сериозна околу алкохолот кој пречесто го консумира.
И последна ќе дознае дека и` треба.
Ќе ја информирам јавноста секако околу процесуирање на пријавата.
П.С: И, да.
За алкохоличарите ко неа и девојка и` – сите сме ненормални, со дијагнози и за психијатри.
Се надевам искрено пријателите нејзини ќе и` укажат дека е хроничен алкос за да ја вратат на прав пат.
