Битола изгуби уште едно познато лице од својата градска сцена.
Денес, како што објавија граѓани на социјалните мрежи, почина Сашо Башлак, човек кого многумина го опишуваат како „урбана градска легенда“.
Веста за неговата смрт ја споделија бројни битолчани, изразувајќи жалење и почит кон човекот кој оставил белег во локалната заедница.
„Денес не напушти уште една урбана градска легенда.
Почивај во мир, Сашо Башлак,“ — стои во една од објавите на социјалните мрезхи.
За многумина во Битола, Сашо Башлак беше симбол на духот на градот — човек со свој став, препознатлив хумор и позитивна енергија.
Почивај во мир, Сашо. Битола ќе те памети.
