Прегазена жена – со тешки повреди итно пренесена во болница

Возачот кој синоќа прегази жена со џип која поминуваше  на пешачки премин во центарот на Скопје, полицијата го фати на Средно Водно.

На 02.11.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(33) од Скопје, удрило во пешакот М.М.(79) од Скопје и го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 79-годишната М.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од полицијата.

Подоцна, по преземени мерки, на локалниот пат за Средно Водно е пронајден и лишен од слобода возачот А.А., додаваат од полицијата. 

Извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде