На патот во близина на селото Липар, се случи тешка сообраќајна несреќа во која седумнаесетгодишниот С. Ѓ. од овој град го загуби животот додека управуваше со трактор.
Роднините на починатиот тинејџер ја потврдија оваа трагична вест за српски Курир, кога рекоа дека сè уште се во шок и неверица од она што им се случило.
Тој беше добро дете, вредно, работеше и на трактор, и секогаш насмеан. Им помагаше на родителите, но и на сите, целиот крај е обвиен во темнина, не можеме да веруваме дека го нема повеќе, но ова е секако најголемата болка и тага за родителите – изјавија шокираните мештани за Курир.
Семејството и пријателите се збогуваат со починатиот млад човек со трогателни пораки на социјалните мрежи, не верувајќи дека нивниот С.Ѓ. замина прерано.
Ангелу наш, засекогаш ќе бидеш со нас и во нашите срца – се само дел од пораките објавени на социјалните мрежи.
