Ана Чупевска, поднела оставка од потпретседателската функција во СДСМ, за време на изборниот молк.
Во документот, кој бил архивиран во централата на СДСМ, Чупевска навела дека се повлекува поради суштински несогласувања околу концептот и начинот на работење на партијата.
Го преземам овој чекор поради суштински разлики во концептите за дејствување на партијата, како и поради разлики поврзани со методологијата на работење кои влијаат на перспективите на СДСМ“, стои во оставката објавена од ТВ24.
Оставката на Чупевска доаѓа во пресрет на најавената смена на раководството од страна на Венко Филипче по изборниот депакл на СДСМ на првиот изборен круг на локалните избори.
Чупевска беше еден од членовите на раководството која на 19 октомври тврдеше дека резулататот е добар. Став кој го подели и заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфиловска Пановска, а дека исходот “не е лош” порача и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
