Тага ја преплави Србија! Младиот џудист Лазар П. (16), кој загина во страшна несреќа во близина на Нови Сад, беше погребан вчера на гробиштата Мокролуш во Белград!
Семејството, пријателите, но и бројни џудисти и деца со симболите на своите клубови дојдоа да се збогуваат на златното момче.
Лазар П. (16) загина во среда во раните утрински часови во близина на Нови Сад, кога комбето во кое се наоѓал со своите пријатели од Џудо клубот „Партизан“, кои се враќале од натпревар во Азербејџан, од засега непознати причини, излетало од патот, удрило во брег, а потоа се превртело.
Во несреќата тешко се повредени повеќе деца, од кои едно е оперирано, а пет, како и возачот на комбето С. С. (43), кој е и тренер, се здобиле со бројни повреди. Во несреќата тешко е повреден и Лука П., брат близнак на починатиот Лазар.
Реки од луѓе и млади џудисти вчера ги преплавија гробиштата Мокролуш за да му се збогуваат на малиот Лазар, кој загина на пат кон дома откако освои златен медал на престижно натпреварување.
