Земјотрес со магнитуда од 4,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес Турција, објави „ЕМСЦ“, европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил вечерва околу 21 часот и 20 минути во западна Турција.
Епицентарот е лоциран на подрачјето со географски координати 39.2272 и должина 28.1731 северно од Измир.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.
