Тажна вест вечерва објавија од ФК Брегалница 1926 Делчево.
,,Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Милчо Петровски – човек кој остави неизбришлива трага во историјата на наша Брега.
Најпрвин играч, потоа тренер и претседател на клубот, тој е вистински симбол на љубовта кон Брега и Делчево.
Градот изгуби фудбалска легенда, а Брега свој вечен член. Почивај во мир, Милчо” се вели во објавата на клубот.
Вечна му слава на овој фудбалски великан.
