Доктор Ненад Лазаров бил сведок на страшната сообраќајка: Јас сум лекар 15 години вакво нешто немам видено досега

Двајца луѓе загинаа, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на патот Прилеп-Градско, соопшти Прилепското обвинителство. 

Доктор Ненад Лазаров на социјалните мрежи сподели информација дека бил сведок на страшната сообраќајна несреќа.

Тој вели дека запрел за да им помага на повредените и оти она што го видел не може да се опише со зборови, туку било „повеќе од хорор“.

Сите повредени и загинатите, според него, се млади луѓе.

„Пред два часа како случајни минувачи на патот помагавме на тешка сообраќајка по Плетвар кон Кавадарци, двајца загинати и пет души тешко повредени, најстариот околу 40 години.

Ве молам и апелирам да возите нормално и внимателно, јас сум лекар 15 години вакво нешто немам видено досега. Не сакам ни да видам, шокантно беше и вечерва да се молиме сите останатите петмина млади да ги преживеат повредите“, пишува докторот на „Фејсбук“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде