Познатиот хармоникаш од „Слатки грев“, Љубиша Марковиќ Френки, почина по долга борба со тешка болест.
Веста за неговата смрт ги потресе неговите колеги, а посебно Лепа Брена со која долго време настапуваше и ја делеа сцената.
Имено, Брена со „Слатки грев“ ја започна својата кариера, кога настанаа и бројни хитови кои одбележаа цела една епоха.
Френки беше дел и од култните филмски остварувања „Ајде да се сакаме“, каде Слатки грев го пренесе својот шарм и на платно.
Познатиот музичар од колегите не беше ценет само заради хармониката, туку и заради својата професионалност и пред се, заради човечката добрина и топлина со кои зрачеше во текот на својата кариера.
„Обично во вакви ситуации останувам нема. До последен момент се надевав дека ќе ја победи болеста, но за жал замина. Нека почива во мир“, изјави Брена за српскиот портал Курир.
