Важна информација за сите кои утрово патуваат: Овој патен правец е затворен за сообраќај – еве што се случува

На ден 05.11.2025 г. поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило,

во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.

 ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде