Тешка несреќа, 13-годишно дете итно пренесено во болница

Паднало од мотоцикл – Тешко повредено дете во штипско

13-годишно дете е тешко повредено откако паднало од мотоцикл. 

– На 05.11.2025 во 15:50 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека во село Бучим, радовишко, 13-годишен малолетник од с.Почивало, штипско, управувајќи мотоцикл „хамачи“ изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болницата Штип, известија од МВР. 

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде