Синоќа во Тетово, меѓу зградите спроти ентарот за социјални работи било пронајдено безживотно тело на младо женско лице.
Според првичните информации, станува збор за девојка од Косово, која студирала во Тетово.
Дежурен јавен обвинител извршил увид на локацијата каде што е пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој престојувала.
Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело, велат од обвинителството.
Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините!
