Вечерва граѓани информираат за сообраќајна несреќа.
Како што објави порталот Делчево365 сообраќајна несреќа има на патниот правец Кочани – Мак. Каменица, кај с. Калиманци.
За сега не се познати повеќе детали.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
