Луѓето отсекогаш верувале дека Митровден, кој се слави на 8 ноември, може да ја „најави“ каква ќе биде зимата.
Според народното верување, ако на овој ден има мраз и студ, тогаш следува долга и снежна зима. Но, ако денот е сончев и топол, тоа значи дека зимата ќе биде блага и кратка.
Старите велат: „Каков е Митровден, таква ќе биде и зимата“. Ако падне снег, се верува дека ќе го има сè до април, па затоа сите со надеж гледаат кон небото – да биде ведро, без облаци.
Покрај временските предзнаци, со овој празник се поврзани и многу народни обичаи и верувања. Еден од најпознатите е дека на Митровден треба да останете дома – ако тој ден го поминете надвор, се верува дека целата година ќе скитате и ќе преноќувате во туѓи куќи.
Исклучок се оние кои одат на слави кај роднини или блиски пријатели, но и тие, според обичајот, треба да се вратат и да преноќат во својот дом.
Во Македонија, пак, постои уште едно интересно верување: на Митровден не треба да се караат децата – колку и да згрешат. Се смета дека, ако ги прекорите на овој ден, тие ќе бидат палави цела година.
Со Митровден, според народното верување, започнува вистинската зима – деновите стануваат пократки, студот се засилува, а луѓето се подготвуваат за долгите зимски вечери, во топлината на домот и семејството.
