Во Крива Паланка, на улицата „Св. Јоаким Осоговски“, се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно лице е сериозно повредено.
Патничко возило марка „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 25-годишен возач од Крива Паланка, излетало надвор од коловозот под засега неутврдени околности.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница во Куманово за укажување лекарска помош.
Екипа од ОВР Крива Паланка извршила увид на местото на настанот и работи на утврдување на причините и околностите под кои дошло до несреќата.
