На 79-годишна возраст, по кратко боледување, во Битола почина дипломираниот архитект Димитар Ивановски – Митац, објави bitolanews.mk.
Димитар Ивановски е роден во Битола, каде што го поминал своето детство и образование.
Средното образование го завршил во родниот град, а студиите по градежништво ги продолжил и успешно ги завршил на Градежниот факултет во Скопје.
Во текот на својот работен век, Ивановски прво работел како професор во Долната гимназија „Браќа Миладиновци“ во Битола, оставајќи белег како посветен педагог и професионалец.
Опелото ќе се изврши утре, понеделник (10 ноември), во црквата „Св. Димитрија“ во Битола во 12 часот, а погребот ќе се одржи во 13 часот на Светонеделските гробишта.
