Сообраќајна несреќа го затвори магистралниот пат од Струмица во Ново Село.
„Од 14:10ч. сообраќајот на магистралниот пат А4, Струмица – Ново Село (пред влезот за Ново Село) е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода“, велат од АМСМ.
Детали за сообраќајната несреќа во текот на денешниот или утрешниот ден од страна на МВР.
ПОСЛЕДНА ВЕСТ
18 часот – ИЗВЕСТУВАЊЕ: Сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода е нормализиран.
