Храбра девојка од Прилеп во спасувачка акција

Ангела Конева од Прилеп сосема случајно се најде во ситуација што многумина би ја одминале без да реагираат.

Додека минувала низ центарот на градот, забележала мало кученце заглавено во стара распадната куќа спроти Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Без многу размислување, се качила по нестабилниот ѕид и, ризикувајќи да се повреди, успеала да го спаси.

Со внимателни движења и многу трпение, Ангела го спуштила кученцето на безбедно место, а потоа го зела со себе за да му помогне.

„Случајно поминав, луѓе стоеја и бараа начин да го симнат, иако теренот не е баш пристапен. Љубовта кон животните беше посилна. Јас си знам како се качив, па и како се симнав со моите 100+ килограми, ама душата ми е полна… Благодарам и на девојката што го снимила моментот. Ова не го објавувам за фалење, туку за поттик на сите сограѓани — кога животните се беспомошни, помогнете им. П.С. Пред да ме осудите мене и дечкото како го креваме кучето, само да кажам дека скали нема, се качив по ѕидот, а терасата е испукана – можевме и двајцата да се срушиме,“ напиша Ангела на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде