НАЈНОВА ВЕСТ: Можни се поплави во делови од Македонија

Целата територија на нашата Република Македонија на ден понеделник (10 Ноември) ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни и поројни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Локално ќе наврне поголемо количество на воден талог за 24 часа (над 30 литри на метар квадратен дожд).

Токму поради ова можни се и локални поројни поплавувања.

Сето ова е поради влијанието на серијата на влажни воздушни бранови од Медитеранот кои кај нас условуваат да имаме обилни и поројни врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи како и со засилен ветер.

Овие процеси локално ќе бидат застапени и во форма на невреме.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде