Огромна тага во домот на Марија Шерифовиќ – пејачката скршена од болка

Тажна вест ја потресе музичката сцена во регионот – почина таткото на српската пејачка Марија Шерифовиќ, Рајко Шерифовиќ, познат музичар од Крагуевац.

Тој ја загубил битката со тешка болест, оставајќи зад себе бројни спомени и сложена, но искрена животна приказна.

На социјалните мрежи, емотивна и скршена од болка, Марија се прости од својот татко со порака што растажи илјадници фанови: „Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ сака такви како тебе и дека те чека во рајската градина. Чувај нè таму каде што си сега. Твојот шампион.“

Тие зборови ја покажаа љубовта, но и сложениот однос што го имале низ годините. Рајко и мајката на Марија, познатата пејачка Верица Шерифовиќ, се разведоа во 2003 година. По разводот, Рајко повторно се ожени и го доби синот Данијел Павловиќ, исто така пејач и учесник во музички шоуа.

Иако низ минатото имало бурен и тежок однос меѓу татко и ќерка, Марија пред неколку години призна дека му простила сè: „Направи Рајко многу проблеми во животот, но јас нему сè му простив. Прво затоа што ми е татко, а второ – затоа што родителите не можеме да ги бираме, ниту сакам да ги менувам,“ изјави таа во една телевизиска емисија.

Последен пат јавноста го виде Рајко пред околу шест месеци, кога присуствуваше на еден од големите концерти на својата ќерка во Белград. Марија тогаш гордо изјави дека ѝ значи многу што и татко ѝ и мајка ѝ биле таму за да ја поддржат.

Семејството и блиските пријатели се збогуваат со човекот кој остави трага во музиката, но и во животот на една од најголемите балкански ѕвезди.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде