Возрасен маж од селото Рилево, во општина Долнени, вчера утрината бил тешко повреден откако бил нападнат од мечка додека собирал печурки во атарот на селото.
Инцидентот се случил околу 10 часот, а брзо по нападот човекот бил забележан од група ловџии кои веднаш му притрчале на помош.
Повредениот бил пренесен во прилепската болница, а поради сериозноста на повредите, подоцна бил транспортиран на скопските клиники.
Според првичните информации, ова е редок инцидент во овој регион, а локалните жители велат дека мечки во последно време сè почесто се спуштаат во близина на населените места во потрага по храна.
