Страотна несреќа, млада девојка тешко повредена

20-годишна девојка е тешко повредена откако во нејзиниот тротинет удрило товарно возила.

– На 11.11.2025 во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул.„4 Ноември“, ул.„Влатко Миленковски“ и ул.„Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки,

управувано од Х.О.(20) од Битола и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 20-годишната А.Р. од Прилеп, информираа од полицијата. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Р., констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде