Почина поетесата и докторка по филолошки науки Славица Свидерска (1984–2025)
Со длабока тага се простуваме од Славица Свидерска – поетеса, докторка по филолошки науки, лекторка и истакната авторка, која зад себе остави значајно книжевно, научно и поетско наследство.
Нејзините дела се преведувани на повеќе јазици и добитници на бројни признанија дома и во странство. Авторка е на поетските книги „Бесконечност“ (2001), „Писма“ (2012), „Политики на љубовта“ (2015), „Тела“ (2016), „Политики на стравот“ (2021), „Golgotha Feminarum“ (2023) и „Мистичен си свету“ (2025),
како и на научните и есеистички изданија „Книжевноста и дискурсите на моќта“ (2013), „Книжевноста и политичкото насилство“ (2018) и „За смислата и за апсурдот“ (2017).
Погребот ќе се одржи утре, 13 ноември, од 11 до 12 часот, на Светонеделските гробишта во Битола.
Вечен ѝ спомен и мир на душата.
