ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ПРВАЧИЊА, НОВОРОДЕНЧИЊА И ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Почитувани сограѓани,
Ве информирам дека започнуваме со исплата на финансиските средства по поднесени барања за првачиња, новороденчиња и еднократна парична помош.
518 семејства кои имаат поднесено барање за надоместок за прваче ќе добијат по 3000 денари;
136 семејства кои имаат поднесено барање за надоместок за новороденче ќе добијат по 5000 денари;
54 семејства кои имаат поднесено барање за еднократна парична помош по различни основи, а согласно Одлуката на Комисијата ќе ги добијат финансиските средства кои им се доделени.
Исплатата на овие средства досега не беше реализирана поради ограничувањата пропишани во Изборниот законик, а во врска со оддржувањето на локалните избори кој со Заклучок за конечност на резултати од Државната изборна комисија завршија вчера.
Фејсбук статус на градоначалникот Стефковски
