Претреси на повеќе локации во Македонија – полицијата со детали

Вчера во 03:50 часот во село Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода 35-годишниот А.Ш. од село Добридол.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајден и одземен е пиштол „Екол“ со една празна рамка.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, на 13.11.2025 во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Е.К.(33) од Албанија, со престој во Тетово.

При претрес во домот во кој живее под наем, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се три пакувања со марихуана.

Таа е задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде