Возач удрил паркирано возило, па влетал во пешаци
На 13.11.2025 околу 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на регионалниот пат Скопје-Куманово, кај с.Арачиново, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки,
управувано од Н.Б.(29) од с.Арачиново, удрило во паркирано возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(38) од с.Арачиново, а потоа и во пешаците Џ.К.(30), 35-годишната А.С. и тригодишно дете, сите од с.Арачиново.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., додека со телесни повреди се здобиле Џ.К. и тригодишното дете, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. објави Скопје1.мк
