Ужасна вест: Случајно испукал куршум од оружјето, повреден полицаец
Вчера во 14:05 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, додека го проверувал своето лично оружје,
полициски службеник случајно испукал еден куршум и се здобил со повреда на рака.
Известени се јавен обвинител, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
