Веста брзо се прошири: Страотна автобуска несреќа го потресе светот – има загинати

Неколку луѓе загинаа и има повредени откако автобус удри во автобуска постојка во Стокхолм.

Трагедијата се случи околу 15 часот во централниот дел на градот.

Полицијата го опиша инцидентот како тешко убиство од небрежност и засега не го објави бројот на жртвите.

Националната телевизија СВТ кажа дека двокатниот автобус ѝ припаѓа на компанијата „Трансдев“, која ја води локалната автобуска служба во северен Стокхолм.

Еден очевидец изјави дека автобусот удрил во столб пред автобуската станица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде