Тешка сообраќајна несреќа – четири лица итно пренесени во болница
Во Скопје, околу 00:25 часот, на крстосницата меѓу булевар „Словенија“ и стариот Качанички пат, се судриле „Фолксваген Голф“ и „Порше“, двете со скопски регистарски таблички.
Возачот на „Голфот“ Р.И. (36) од с. Брест е тешко повреден, додека возачот на поршето Ф.А. (43) и неговите двајца сопатници – Џ.А. (43) и 16-годишник – се здобиле со полесни повреди.
Тие се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и Градската болница „8 Септември“.
