Пратениците изгласаа – се воведува данок за онлајн нарачки од ТЕМУ

Пратениците ги изгласаа измените со кои ќе се плаќа 18% ДДВ за нарачките до 22 евра за онлајн продавници од странство како Тему, Шеин, Али Eкспрес.

Овие нарачки до сега беа ослободени од давачки. За гласаа 59 пратеници, а 12 беа против. Ова практично ќе значи поскапување за нарачките до 22 евра кои до сега не се оданочуваа.

Заменик – министерот за финансии Николче Јанкуловски кажа дека целта е да се заштитат нашите мали трговци. Рече дека ова ослободување веќе е укинато и во Србија и Црна Гора, а во Албанија е во процедура.

„Основна причина заради која се врши оваа измена е создавање на појасна правна рамка, спречување на злоупотреби, пофер и порамноправна положба на малите бизниси во Република Македонија со тие во странство при плаќање на ДДВ. Исто би посочил од 1 јули 2021 година Европската унија со директива, исто го воведе, односно го укина ова ослободување“, изјави Јанкуловски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде