Почна аплицирањето на студентите за добивање помош при купување на компјутери. Ова го овозможи Владата со конкретна мерка.
„Ветеното, го реализиравме. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или 15.300 денари за набавка на електронски уреди, лаптоп, таблет или персонален компјутер”, велат од Владата.
Оваа корисна и навремена мерка е наменета сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.
Со ова материјално се помага на студентите и нивните семејства, а воедно се овозможува и пристап до сега веќе основното орудие за учење – тоа е комјутерот.
Студентите ќе можат да аплицираат до 20 декември, а подигањето на ваучерите ќе можат да го реализираат до 31 декември 2025 година.
