Тешка сообраќајка со смртни последици

На булеварот Борис Трајковски во Скопје, вчера околу 23 часот, се судрија „фолксваген голф“ и „БМВ“, двете со скопски регистерски ознаки.

„Голфот“ го управувал 56-годишниот С.Х. од Скопје, а „БМВ-то“ 28-годишниот Ф.П., исто така од Скопје.

Ударот бил толку силен што возачот на „голфот“ починал на самото место. Екипа на Итната медицинска помош само ја потврдила неговата смрт.

Повредени се неговите сопатници – 52-годишната Н.Х., 24-годишната М.Р.А., двајцата од Скопје, како и 28-годишниот Ф.М. од Косово – а повреди добил и возачот на „бмв-то“. Сите биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им биле констатирани телесни повреди.

На местото на несреќата работеше јавен обвинител заедно со полициски екипи. По негова наредба, телото на загинатиот е предадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде