Последна вест: Еве кои реки се на раб на излевање

Поради обилните врнежи, значително покачување на водостоите е забележано на повеќе речни сливови низ земјава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Најизразено зголемување е измерено на горниот тек на Вардар, како и на реките Пена, Лепенец и сливот на Пчиња. Водостојот на Вардар во Скопје исто така бележи пораст.

Од Управата предупредуваат дека трендот на раст може да продолжи и апелираат граѓаните внимателно да ги следат состојбите покрај овие водотеци во текот на денот.

Дополнително, високи водостоји се регистрирани и на реката Радика, како и на Треска, Црна и Сатеска. Ситуацијата е најкритична во западниот дел на земјата, каде што е можна понатамошна ескалација на водостоите.

Стручните служби апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни при движење покрај реките и површинските води, со посебен ризик покрај горниот тек на Вардар и неговите притоки, Лепенец, Радика и нејзините притоки. Во сливот на Пчиња се очекува исклучително висок водостој, што дополнително ја зголемува опасноста од поплави.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде