Тешка сообраќајна несреќа, младо момче итно пренесено во болница

19-годишник од ресенско е тешко повреден во сообраќајна несреќа. 

– На 17.11.2025 во 13:05 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на крстосницата од ул.„Ленинова“ со ул.„11 Октомври“ во Ресен се  случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ управуван од А.Ф.(19) од с.Покрвеник, ресенско и патничко возило „цитроен“ со ресенски регистарски ознаки управувано од 28-годишната С.Р. од с.Дрмени, ресенско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Битола, информираа од полицијата. 

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Ресен. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде