Важна информација за сите кои патуваат – во прекин е сообраќајот на овој патен правец

Сообраќајот на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје е во целосен прекин од 08:40 часот утрово, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Како причина за затворањето на патниот правец е наведено појавување одрон на коловозот.

Надлежните служби се упатени на терен и работат на расчистување за што поскоро нормализирање на сообраќајот.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде