Товарно возило излета од патот – тројца повредени

Товарно возило излета од патот – тројца повредени

На 18.11.2025 во 13:45 часот на регионален пат помеѓу селата Смоквица и Прдејци, гевгелиско, товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(35) од село Добрејци, струмичко, изгубило контрола и излетало надвор од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.М. и сопатникот Љ.А.(43) од Струмица, а со телесни повреди се здобил сопатникот А.Л.(48) од Струмица, констатирани во Здравствен дом Гевгелија.

Увид на местото изврши екипа на Полициската станица Гевгелија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде