УХМР најавува врнежи од снег во Македонија – ЕВЕ КОГА

Променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец.

Максималните дневни температури низ државата ќе се движат од 10 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне до 17 степени Целзиусови.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и дневни температури од 13 до 19 Целзиуови степени. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).

Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде