Снег во делови од Македонија – еве каде утрово врне снег

Денес и наредните денови територијата на Република Македонија ќе биде под силно влијание на циклонската активност од Џенова, која носи серија на влажни воздушни бранови и нови обилни врнежи од дожд.

Повеќе региони се наоѓаат под жолта предупредувачка фаза поради очекуваните големи количества воден талог, локално над 30 до 50 литри дожд за 24 часа, како и поради засилениот јужен ветер кој повремено ќе надминува 60 км/час. На поедини места процесите ќе бидат проследени и со громовни нестабилности, а можно е и појава на локално невреме.

Поради високата воденост на реките и почвата, постои ризик од нови локални поплавувања, како и понатамошно зголемување на нивото на реките и езерата. Возачите се повикуваат на претпазливост, особено во близина на водотеци и поплавливи делови.

Славчо Попоски утрово објави дека врнежи од снег има на високите делови од Шар Планина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде