Каменица.мк објави важна информација за сите кои вечерва патуваат.
ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Одрони на патот од Македонска Каменица кон Кочани, веднаш после Ресторан Саваро и на повеќе места долж оваа делница.
Според она што можеме да го забележиме на фотографијата испратена од наш читател и сограѓанин, станува збор за поголем камен одрон на двете коловозни ленти.
Поголеми и помали, камени одрони има на повеќе критични места, што значително го отежнува движењето, особено во ноќните часови когс видливоста е намалена.
Возете внимателно, со прилагодена брзина и според условите на патот.
