Важна информација за сите кои утрово патуваат – големи одрони на овој патен правец

Делчево 365 објави фотографии и повика за внимателност на патниот правец Каменица – Делчево.

„Аларм за внимателно возење од возачи кои утрово го поминаа патниот правец Делчево – М.Каменица“

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде