Доцна синоќа тешка сообраќајна несреќа – има повредени

Фото: Архива

Млада девојка е тешко повредена во сообраќајката која се случи вчеравечер а на патот Битола- Граничен премин Меџитлија.

– На 21.11.2025 во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки,

управувано од 23-годишна битолчанка и патничко возило „фолксваген поло“ со грчки регистарски ознаки, управувано од 30-годишник од Република Грција, соопштија од полицијата. 

Со тешки телесни повреди се здобила 23-годишната битолчанка, констатирани во Клиничка болница Битола.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.-

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде