Вистински хорор ја потресе Македонија: Силувано 12-годишно дете

Вистински хорор го потресе Охрид. 12 годишно девојче било силувано од 16 годишник, згора на тоа чинот бил сниман со телефон кој друг малолетник подоцна со снимката ја уценувал девојката дека ќе ја објави јавно ако не биде во врска со него.

Утринава во 10 часот силувачот е уапсен, а по уценувачот се уште се трага информираат од СВР Охрид.

Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршиле службен разговор со неа.

За жал последниве години значително е зголемен бројот на случаи на малолетничко сексуално насилство во Македонија.

Според психолозите причините за ваквото однесување кај адолсцентите се специфични и често се резултат на повеќе меѓусебно поврзани фактори: психолошки, семејни, општествени и културни.

Според правната фела пак неказнивоста или ниските казни за сторителите на сексуално или друго насилство оставаат длабоки и трауматски последици кај жртвите, не само за индивидуалната психа, туку и за нивниот однос кон општеството, правдата и себе си. Оваа состојба често води до продлабочување на психолошката траума, чувство на неправда и губење на доверба во системот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде