Членовите на „Амадеус бенд“ на својот Инстаграм профил ја изразија својата тага.
Денес се навршуваат точно пет години од смртта на нивниот колега и пријател Бојан Златановиќ Токан.
„На денешен ден, пред точно 5 години, нè напушти најдобриот човек што некогаш чекорел по земјата.
Велат дека бил најдобриот пејач меѓу тапанари и најдобриот тапанар меѓу пејачи, но тој всушност бил најдобриот човек, пријател и брат, и без него ништо не може да биде исто.
Денес, кога се сеќаваме на тебе, толку е тешко да се прифати дека повеќе не си со нас, дури и по 5 години.
Те сакаме и те чуваме во нашите срца! Твоите браќа“, пишува во објавата.


