Ужасна вест: 15-годишно девојче со сила внесено во автомобил и нападнато од поранешниот партнер

Во полицијата во Скопје била пријавена насилна случка во која 15-годишнo девојче било со употреба на физичка сила внесено во автомобил од страна на поранешниот партнер.

Според пријавата, настанот се случил пред два дена околу 19:30 часот, на подрачјето на Ѓорче Петров.

Зад нападот стоел  И.Ј. (22), кој притоа физички ја нападнал и ѝ упатувал закани, соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде