Се очекуваат зголемени водостои во текот на денешниот ден особено во во сливот на река Струмица со нејзините притоки и суводолици и посебно во долниот дел од течението на реката и можни појави на заезерувања во Струмичката Котлина.
Исто така се очекува зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците во Гевгелиско-Валандовската Котлина и можни појави на заезерување, како и на помалите реки и суводолици воопшто во југоисточниот дел на земјата.
Исто така зголемување е можно во сливот на река Брегалница и во сливот на река Пчиња, а остануваат да бидат прилично високи и водостоите во западните делови на земјата. Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.
МЕТЕО АЛАРМ за утре 28.11.2025 год.
Пообилни врнежи од дожд во источните делови (локално над 35 l/m²)


