Обид за убиство во струмичко Просениково. 48-годишниот жител пред своите деца сакал да ја убие мајка им, која со години трпела физичко и психичко насилство. Тој доби притвор 30 дена и ќе одговара за обид за убиство…
Прво се обидел да и стави пестицид во устата, а потоа со нож и нанел неколку исеченици во пределот на вратот. 48-годишен жител од струмичко Просениково ќе одговара за обид за убиство на својата сопруга – кривично дело кое се случил завчера во семејниот дом и тоа пред очите на две малолетни деца.
Тие се обиделе да ја одбранат мајка си кога насилникот сакал со шприц да и вбризга во устата пестицид.
„Оштетената успеала да влезе во бањата но осомничениот влегол по неа ја турнал во кадата и ја притиснал со колено па со нож започнал да и нанесува исеченици на вратот во близина на каротидната артерија. Децата повикале други роднини кои успеале да го оттргнат“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.
Според информациите, жената подолго време била жртва на физичко и психичко насилство од сопругот, но не се осмелувала да го пријави кај надлежните.
Вчера струмичката полиција му поднесе кривична пријава

