Состојбата е алармантна – се излеа одводниот канал во село Спанчево (ВИДЕО)

Поради обилните врнежи од дожд, одводниот канал кој минува низ село Спанчево се излеа од своето корито, создавајќи алармантна состојба и голема загриженост кај локалното население.

Како што може да се види на фотографиите од терен, нивото на водата е драстично покачено и го има преплавено околниот терен, делови од патот и мостовите.

Матната вода е опасно блиску до првите куќи во селото.

Мештаните апелираат за итна интервенција од надлежните служби за расчистување на наносите и спречување на поголеми поплави и материјални штети.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде