Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди централен Иран.
Ројтерс објави дека нема непосредни извештаи за жртви.
Земјотресот го погоди градот Бехабад во покраината Јазд.
Силен земјотрес ја потресе и Алјаска.
Многу силен земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди американската држава Алјаска, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 80 километри.
Епицентарот бил во јужна Алјаска, 60 километри северозападно од главниот град Анкориџ, или 44 километри западно од Биг Лејк, град со 3.300 жители.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.

